Петмина загинати во Газа – врз глава им паднале пакети со хуманитарна помош

by Fokus

Најмалку пет лица загинаа во Појасот Газа откако врз нив паднаа пакети со хуманитарна помош, фрлени од авион, објави денеска Ал Џезира.

Наводно до несреќата дошло бидејќи падобранот не се отворил поради дефект, па кутии со хуманитарна помош со голема брзина паѓале врз луѓето кои во голем број се собрале да ја примат помошта.

Според првичните информации, две лица загинале на лице место, додека три се тешко повредени и подоцна починале во болницата Камал Адван.

„Ова е трагедијата што луѓето ја доживуваат на северот на Газа. Не само што се соочуваат со недостиг од храна и медицински материјали, туку додека чекаат пакети со храна или се цел на израелската армија или убиени од неисправен падобран“ – изјави дописникот на Ал Џезира од Газа – Хани Махмуд.

Поврзани новости