575
Пет починати пациенти, во изминатите 24 часа, починале во тетовската болница поради компликации од Ковид-19.
Најмладата е 39-годишна жена која имала предходно хронично заболување. На болничко лекување се 123 пациенти. Иако со мала најанса на подобрување, состојбата со пандемијата во тетовскиот регион сè уште е критична, оценува доктор Гзим Нуредини, координатор на Ковид центарот.
Доктор Нуредини вели дека граѓаните треба да се вакцинираат за да не го продолжат ланецот на ширење на заразат, особено поради фактот дека најголем број од хоспитализираните, но и починати не се вакцинирани.