Петмина од Тетово добија кривични пријави за измама при купопродажба на куќа

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднеле кривични пријави против петмина од Тетово за измама при купопродажба на куќа.

-СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.А.(37), Х.А.(44), Г.М.(58), сите од Тетово, С.А.(47) од с.Пршовце, државјанин на С.Р. Германија и А.А. (27) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама, а второпријавениот, третопријавениот, четвртопријавениот и петтопријавениот и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело соизвршителство, соопшти МВР.

Од полицијата велат дека во текот на декември лани, првопријавениот воспоставил комуникација со ќерката и синот на 51-годишна жена од Тетово и успеал да ги наговори да ја убедат мајка си да ја продаде куќата и да купи стан во Тетово.

-Првопријавениот успеал да ги измами и да ги доведе во заблуда жената и нејзините деца и, со прикривање на факти, ги навел да потпишат купопродажен договор за недвижен имот, по што им понудил стан во Тетово. Меѓутоа, оштетената не го добила станот, а не ѝ биле исплатени ниту средствата од продажбата на куќата. Второ, трето, четврто и петтопријавениот посредувале во изготвување на купопродажниот договор и на продажбата на куќата на оштетената, соопшти МВР.

 

Поврзани новости