626
Вкупно петмина членови на Антикорупциска комисија веќе поднесоа оставки. Сејди Халили, кој вчера ја најави, денеска ја поднел својата оставка, а освен него, денеска оставки поднеле и членовите Фарие Алиу и Жаклина Дамчевска, пишува порталот „Порталб“.
Халили вчера изјави дека оставката ја поднесува, бидејќи не може да го трпи притисокот од јавноста, но и да се отвори пат за реализација на новите политики во борбата против корупцијата.
Оставки од Антикорупциска комисија поднесоа претседателот, Игор Тантуровски како и Горан Миленков.