Петмина обвинители од Тетово и Скопје ги утврдуваат причините за пожарот

by fokus

Петмина обвинители од Тетово и Скопје ќе ги утврдуваат причините за пожарот што се случи вечерва во модуларната болница во Тетово во којшто загинаа најмалку десет лица.

-Во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство. Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар, соопштија од Обвинителството.

Обвинителите се на увид на лице место, но се уште нема никакви информации од што избувнал пожарот.

Поврзани новости