Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести

by fokus

Директор на Институтот за имунологија, доктор Александар Петличковски, е поставен за нов претседател на Комисијата за заразни болести, дознава „Фокус“ од извори во комисијата.

Доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје пак е поставен за нов портпарол на Комисијата.

Досегашен претседател на Комисијата беше доктор Жарко Караџовски. За подоцна е најавена прес конференција на министерот за здравство Беким Сали, кој ќе треба да ги образложи причините за смената на претседателот.

Поврзани новости