Едниот национализам директно го поттикнува другиот национализам, а тоа сега кулминира. Не знам дали на 8 мај сега одиме на избори или во војна, рече поранешниот политичар Тито Петковски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.
Тој додаде дека Али Ахмети, кој обично е смирен и сталожен, реагира нервозно на националистичките вувузели од ВМРО-ДПМНЕ и скандира и се заканува со УЧК.
-Што е УЧК во потсвеста на Македонецот? Војска, војна. Заради стравот кај него проработи командантот на УЧК, а не Али Ахмети политичарот и социјалдемкорат – рече Петковски.
Како што кажа тој, има поттикнување на националистички идеи и односи во македонското општество, што резултира со конфликт.
-Секогаш кога ќе згусти во Македонија пред избори се креваат националистички тензии. Велемајстори во таа игра се ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Мислам дека и ќе си направат и влада – рече Петковски.
Тој додаде дека во програмата на ВЛЕН има две точки, надвор од оние кои се фреквентни во јавноста – банка за Албанците и албанска академија на науките.