Граѓаните на Република Македонија во ниту еден момент не смеат да заборават на причините за организирање на предвремените парламентарни избори – излез од повеќегодишната политичка криза во која Македонија ја втурна ВМРО-ДПМНЕ, потсетува денеска Тито Петковски.
-Доколку успее да формира нова влада со старите партнери, тогаш политичката криза наместо да се надмине, драстично ќе се продлабочи. Само недоветни може да помислат дека оние кои ја доведоа земјата во криза можат и да ја избават од неа и да трасираат пат за долгорочен развој на Македонската држава и општество. Не смее да се заборави фактот што пред очите на пошироката јавност беа обелоденити низа скандали на досегашната власт, поврзани со криминал и корупција. И после се, доколку тие останат на власт, за очекување е да се фокусираат прес се на попречување на правдата и избегнување на кривична одговорност, а не на реформи, економски развој и демократизација на мекедонското општество. Моралниот императив, на кој како граѓани треба да бидеме подчинети, ја налага потребата од утврдување на вистината за масовната злоупотреба на власта. Само болни умови и непоправливи криминалци можат да веруваат дека вистината и правдата како фундаментални вредности можат да бидат поништени со волјата на граѓаните на избори, се вели во соопштението на Петковски.