Поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски во изјава за „Фокус“ во однос на одбивањето на иницијативата за референдумот вели дека претседателот на Собранието, Талат Џафери никако не може да цени Устав.
Според Петковски, собраниските комисии се оние кои му помагаат на претседателот , а одлуките треба да ги донесе Собранието, а не самиот претседател.
-Не само според Деловник, туку и за демократијата е добро одлучувањето да се постави на седница на Собранието, откако собраниските комисии ќе предложат став. Многу е важно од демократски аспект пратениците да одлучуваат, бидејќи Собранието е местото каде се носат најкрупните одлуки врз основа на политичка дебата.
Не треба никој да се става над Собранието, во случајот претседателот. Собраниските комисии се помошни тела на Собранието и му помагаат и на Собранието и на претседателот на Собранието во градењето на нивните ставови и донесување на политички одлуки . Значи,така требаше да постапи и во овој конкретен случај, вели Петковски.
К.С.Б.