Петковски: Новиот премиер треба да биде од СДСМ

by Фокус

Претседателот на НСДП, Тито Петковски, смета Зоран Заев не треба да се повлекува после поразот на локалните избори, бидејќи пред само една година оваа коалиција добила 4-годишен мандат на парламентарни избори. Кога веќе Заев решил да се повлече, посочува Петковски, тогаш треба да го наследи кадар од СДСМ, бидејќи станува збор за политичка влада.

-Владата е стабилна. Доколку опозицијата смета дека нема простор за консолидација, тогаш нека предложи да се гласа за доверба и ќе биде јасно за три дена. Не се во состојба да се обезбеди тоа. За една година не се троши кредибилитетот на владата. Еве на пример, ако идеме на предвремени избори и опозицијата изгуби, дали треба да ги повториме и локалните избори? – рече Петковски на Канал 5.

Тој додава дека има сериозни најави за поголемо парламентарно мнозинство со поддршка од Алтернатива, која, заедно со ДУИ, БЕСА и ДПА, според Петковски, треба да го усогласат новиот премиер. После изборот на нов премиер, смета лидерот на НСДП, треба да се влезе во процес на избор на нов лидер во СДСМ.

Поврзани новости