Петковски: Бугарија реагира панично бидејќи не може да ја добие Македонија

by Fokus

Бугарија реагира насилнички, се однесува како моќна држава и се меша во внатрешните работи на една суверена држава како Македонија, вели поранешниот претседател на НСДП, Тито Петковски, коментирајќи ги во емисијата „Само интервју“ односите меѓу Македонија и Бугарија.

Тој го оценува како насилнички и дрзок потегот на Бугарија во случајот со Христијан Пендиков.

-Дрзок и насилнички потег на претседателот на Бугарија и на бугарската Влада за македонски државјанин претепан во Македонија, се праќаше специјален авион за да го лекуваат таму, што е преседан во меѓународните односи. Бугарија изгуби многу во очите на меѓународната јавност со тој потег – рече Петковски.

Тој посочува дека Бугарија се наоѓа во многу лоша состојба и постои закана да се стави во мирување членството на оваа земја во Советот на Европа.

-Бугарија реагира панично, го губи тлото под нозе, бидејќи не може да ја добие Македонија – рече Петковски додавајќи дека треба да се промени нејзината политика во односите кон земјава.

 

Поврзани новости