Петковиќ: Специјалците на Курти цела ноќ ја малтретираа северна Митровица

by Fokus

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека синоќа во Северна Митровица владеела опсада, дека косовските специјалци ги малтретирале граѓаните и се обиделе да ги уапсат Србите.
Утрово нема оклопни возила, но полицијата е присутна , пренесува РТС.

На вонредна прес-конференција во Владата на Србија, Петковиќ изјави дека маскирани припадници на косовската специјална полиција во текот на ноќта со повеќе од 30 оклопни возила и вооружени со долги цевки влегле во северниот дел на градот од јужниот дел на Косовска Митровица.

„Цела ноќ ја малтретираа северна Митровица, се обидоа да уапсат неколку во Бошњачка Махала. Цело време патролирале и поставувале контролни пунктови на периферијата на градот каде ги соголувале луѓето, ги удирале со пиштоли и ги пцуеле. Оваа ноќ беше вистински пекол за граѓаните на северна Митровица“, изјави Петковиќ.

Тој го обвини косовскиот премиер Аљбин дека „цело време провоцира и сака да предизвика конфликти и војна“.

„Наместо да ја деескалира ситуацијата, Курти започнува нови напади со намера да предизвика војна и конфликти на северот на Косово и Метохија. Тоа го прави секој ден и навистина е крајно време некој конечно да расудува со Курти затоа што сака да го запали не само северот на Косово. Тој е балкански пироман затоа што сака војна на целиот Западен Балкан“, рече директорот на Канцеларијата на Владата.

Тој најави дека денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе разговара со американски и европски претставници за случувањата на северот на Косово и Метохија.

„Правиме се што е во наша моќ да го зачуваме мирот, но тоа одамна не зависи од нас. Се работи за Курти и неговата луда глава и еднострани потези со кои сака да го запали целиот регион“, изјави Петковиќ.

Тој додаде дека во наредните денови Србите од северот на Косово  ќе дадат изјава за понатамошна акција.

„Уште еднаш барам од меѓународната заедница да расудува со Курти, да престане со насилните дејствија додека има смисла. Сето ова трае премногу долго. Ако не престане, нема повеќе за што да разговараме“, изјави Петковиќ.

Петковиќ рече дека не гледа како е можно во овие околности кога Курти ги напаѓа Србите и сака да предизвика војна и нови конфликти да продолжи дојалогот.

Приштина продолжува да го блокира преминувањето на возила со српски регистрации преку административните пунктови. Граѓаните продолжуваат со протестите поради апсењето на четворица Срби.

Потсетуваме, вчера во доцните вечерни часови засилено беа припадниците на специјалните единици на косовската полиција кои патролираа во Северна Митровица со оклопни возила.

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости