Петков: Зошто нема летови и возови меѓу Софија и Скопје?

by Fokus

Копретседателот на коалицијата „Промената продолжува“, Кирил Петков, што победи на парламентарните избори во Бугарија, во интервју за „Шпигел“ во однос на прашањето меѓу Скопје и Софија, вели дека треба да се формираат работни групи и да се остават да преговараат шест месеци, за да не ги одредуваат работите само националистите.

– Зошто нема летови и возови меѓу Софија и Скопје? Ајде да зборуваме повеќе за економија отколку за различни толкувања на заедничката историја. Или за учебниците во Северна Македонија во кои се тврди дека Бугарите се фашисти, вели Петков.

- Advertisements -

Тој за „Шпигел“ оценува дека доколку се даде „зелено светло“ за пристапните преговори веднаш, без дискусија, само ќе ги зајакне националистите во двата табора.

– Ние се потпираме на преговори, а не на пропаганда“, рече Петков за „Шпигел“.

Поврзани новости