507
Бугарија нема да прави ништо под притисок во врска со Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, коментирајќи го развојот на односите меѓу Скопје и Софија.
– Ништо нема да правиме под притисок, изјави Петков при посетата на местото Садово, кое беше погодено од град.
Како што јави БГНЕС, Петков истакна дека Бугарија се обидува да види дали нејзините барања и потреби за поддршка на Бугарите во земјава можат да бидат гарантирани преку европскиот процес.
– Ќе оставам на Министерството на надворешни работи, затоа што тие преговараат токму сега. Прашање е дали преку европскиот процес може да се гарантира бугарската позиција, а не некој да не притиска за било што, додаде Петков.