Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска од Брисел испрати порака до политичките чинители во Македонија и ги повика да не ја испуштаат шансата за почнување преговори со ЕУ.
-Бугарија успеа да направи важен чекор напред што беше многу тешко. Знаете моето раководство се расклати и јас ќе си ја дадам оставката во понеделник. А големата тема беше Македонија. Бара лидерство. Сега се обраќам кон моите партнери и моите пријатели од Република Македонија, лидерство сега исто треба да дојде и он нив, не треба да се играат внатрешно политички игри за да не се даде таа шанса. Македонија го заслужува европскиот пат и сега е шансата, оваа шанса не треба да се испушта. Ова е повик, не само кон господинот Димитар Ковачевски, со кого целото време сме имале добра комуникација. Ова е повик и кон опозицијата и кон неговите коалициони партнери. Не ја пропуштајте оваа шанса, сега е можноста Македонија да направи голем чекор напред. Не треба никој да си го мери политичкиот успех според тоа. Тоа е толку важна кауза од национална важност за Макеоднија и се надевам дека лидерство ќе биде покажано и од нивна страна, рече Петков во Брисел.