Петков се пожали за Бугарите во Македонија

by Fokus

Бугарскиот премиер Кирил Петков во првото интервју за британски Би-Би-Си се пожали дека Бугарите во Македонија немале правна заштита. Се уште имаме проблеми кои треба да ги решиме вели тој во интервјуто.

Новинарот на ова му одговори дека ниту „етничките Македонци ги немаат тие права во Бугарија“, а бугарскиот премиер не одговори директно на оваа забелешка.

„Ја променивме агендата кон заедничките работи, наспроти кон проблемите. Имаме проблеми, да заборавиме на историските за кои сега се зборува. Постојат други проблеми кои треба да ги решиме, на пример Бугарите во Северна Македонија сѐ уште немаат право на правна заштита“, истакна Петков.

 

Поврзани новости