Бугарскиот премиер Кирил Петков и францускиот претседател Емануел Макрон денеска разговарале за европскиот пат на Македонија.
Притоа, Макрон го поздравил дијалогот и тоа што веќе ја имаме првата авионска линија Скопје-Софија, како и реализирањето на заеднички проекти.
-Тој кажа дека оваа е правилната насока и го поздрави брзиот и конструктивен дијалог со Република Северна Македонија – изјави Петков.
На средбата во Брисел со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, Петков рекол дека веќе има некои првични резултати во односите меѓу двете земји.
Патем, тој објаснил дека резултатите се постигнати во кус период поради новиот пристап во дијалогот и изразил надеж дека подобрувањето на секторската соработка ќе придонесе за постигнување заемно прифатливи решенија за политичките прашања.