Бугарскиот премиер Кирил Петков најавува дека датумот на неговата прва посета на Македонија најверојатно ќе биде 18-ти јануари.
Во интервју за ТВ Блумберг, како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков вели дека со Ковачевски сакаат да создадат сосема поинаква рамка за разговорите.
Посочува дека досега главниот фокус беше на историската дебата, но оти смета дека е поважно сите дискусии да се стават на победничка основа за сите. Затоа, како што вели, отвораме пет нови групи – за инфраструктура, економија, културни размени, влез во ЕУ и историја. Наведува дека сака овие групи да работат исклучително ефикасно во следните шест месеци и да постигнат реални резултати.
Петков рече и дека не разбира зошто мора да лета преку Виена за да оди во Скопје, укажувајќи дека треба да има летови Софија-Скопје. Дополни и дека не му е јасно зошто нема железничка врска помеѓу Софија и Скопје.