Петков одигра партија шах со дете за новогодишната ноќ

by Фокус

Бугарскиот премиер Кирил Петков на необичен начин ги испрати своите желби за новата година, играјќи партија шах со едно од најталентираните деца во Бугарија.

Заедно со 10-годишниот Данаил Попзафиров, кој е вицешампион во европски шах за деца, одиграа партија шах.

Петков истакна дека луѓето како Данаил даваат надеж дека Бугарија може да биде многу поуспешна.

Тој посочи дека една од целите на бугарската Влада за 2022 година е да ги зачува бугарските таленти, да им даде можност да се развиваат и да ја прослават земјата со своите победи.

Данаил во разговор со бугарскиот премиер изјави дека негов сон е да биде најдобар шахист во светот и да стане велемајстор.

Поврзани новости