Петков оди во карантин, неизвесна е средбата со Ковачевски

by Фокус

Бугарскиот премиер Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова се во карантин, откако претседателот на Собранието Никола Минчев испадна позитивен на тест за ковид-19 по вчерашниот Советодавен совет за национална безбедност.

„Како што се правилата за сите други, така ќе бидат и ќе се придржуваат до нив“, соопшти владината прес-служба, појаснувајќи дека се уште е нејасно дали средбата со организациите на работодавачи во Советот на министри закажана за денеска попладне ќе биде откажана.

Инаку, Петков најави дека на 18-ти јануари ќе пристигне во земјава на средба со идниот македонски премиер Димитар Ковачевски, чија влада треба да биде избрана во собранието 2 дена порано.

Поврзани новости