601
Бугарскиот премиер Кирил Петков кажа дека сам нема да носи одлуки, туку Народното собрание ќе носи одлука за тоа дали ќе го тргнат ветото за Македонија.
-Министерството за надворешни работи сега мора детално да го образложи францускиот предлог до собраниската Комисија за надворешни работи и да донесе одлука. Повторно велам дека нема да донесам никаква одлука без да бидам поддржан од ставот на Народното собрание, изгласан од негово мнозинство, вели Петков, пишува БГНЕС.
Бугарскиот претседател Румен Радев пак упати остра критика до Петков, за кого кажа дека е бугарски премиер, а не француски курир.
Вели дека Кабинетот никогаш не успеа да подготви бугарски предлог за случајот со Македонија, а сега го поднесува францускиот.