Копретседателот на бугарската партија Продолжуваме со промените и поранешен бугарски премиер, Кирил Петков се огласи во јавноста после обвинувањата дека неговата советничка Весела Чернева оддавала државни тајни информации на македонски државен службеник, за позицијата на Софија за влезот на Македонија во ЕУ. Петков прокоментирал дека му е „преку глава од некои од кажаните работи“ во Собранието на Бугарија.
-Сакам многу јасно да кажам дека личноста Весела Чернева е една од најсовесните и најчесните советници што сум ги имал, еден од луѓето кои навистина веруваат дека Бугарија може да биде нормална европска земја.
Со вчерашното користење на нејзиното име, ваквиот вид клевета ја покажува огромната потреба од масовни реформи во службите, рекол Петков како одговор на новинарско прашање, пренесуваат бугарските медиуми.