Бугарски „Капитал“ јавува дека за време на коалицискиот совет, премиерот Кирил Петков најавил дека ќе бара условите што ги постави Бугарија за решавање на спорот со Македонија да бидат вклучени во преговарачката рамка со Европската комисија (ЕК).
Прашањето за Северна Македонија беше покренато во коалицискиот совет откако минатата недела се појавија тензии меѓу партнерите поради сомневањата дека премиерот Кирил Петков може сам да преземе чекори за да ја деблокира во последен момент Македонија.
Сличен начин за излез од ќорсокакот пред петочната средба навести и копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов.
Според бугарските медуми коалициските партнери биле информирани за силната посветеност на францускиот претседател Емануел Макрон за изнаоѓање излез од спорот и за веројатноста премиерот Петков и претседателот Радев да бидат поканети да го посетат Париз на почетокот на јуни за да разговараат за ова прашање.