749
Бугарскиот премиер Кирил Петков вечерва на својот профил на Твитер експресно ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги признае Доњецк и Луганск како независни ентитети.
Петков напиша дека Бугарија продолжува да го поддржува територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.
-Мора да се почитува меѓународното право, напиша бугарскиот премиер и додаде дека Европската Унија ќе одговори обединето во својата одбрана.