Петкоска: Кренар Лога најпрво да се зафати со расчистување на делата на сопствениот брат

by fokus

Новите кандидати за министри од напред знаеме дека се нечесни и неспособни затоа што да се нафатиш да бидеш дел од нечесен и неспособен тим значи дека ти и самиот си таков. Или како што кажа големиот вицепремиер утрото клептоманот гледа клептомани крадецот гледа крадци, рече од собраниската говорница, Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ на

-Кренар Лога, Фатмир Меџити Азир Алиу и Каја Шукова ќе имаат многу работа секако ако бидат изгласани. Според некои извори за кои ќе кажам дека се неофицијални Кренар Лога кој по дефиниција треба да се бори за владеење на правото би го советувала ако седне на министерското место веднаш и без одлагање да ги расветли најпрво случаите за сопствениот брат. Имено братот на Кренар Лога е осомничен за најстрашни дела кои не сакам ни да ги изговорам овде бидејќи се навистина страшни. Велам дела не дело што значи ги има повеќе, рече Петкоска.

Собранието вечерва продолжи со расправата за избор на новите членови на Владата. Нови министри предложени од Владата се Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

Поврзани новости