Противниците на Владимир Путин и на руската инвазија на Украина, покренаа петиција во која од Швајцарија бараат да ја протера Алина Кабаева, наводната љубовница на рускиот претседател, пренесува Index.hr.
Според медиумите, поранешната руска гинастичарска со своите деца се скрива во луксузна вила во Швајцарија. Гневни Украинци, Белоруси и Руси испратиле протест до властите во Швајцарија и бараат Алина да се протера од нивата земја.
„Зошто ги криете помагачите на Путиновиот режим?, така е називот на петицијата.
„Ние, граѓани на Русија, белорусија и на Украина, која моментно трпи огромни страдања, се обединуваме во обраќањето до властите на Швајцарија. Јавноста дозна дека Алина Кабаева побегнала од санкциите и се наоѓа во вашата земја. Таа е љубовница на диктаторот и воен злосторник кој ја нападна Украина“ – стои во петицијата.
„Алина не е само жена чие име е извалкано поради поврзаноста со рускиот диктатор, таа е и еден од иницијаторите на рускиот „закон на ништожници“, кој им ја ускрати можноста на илјадници руски сирачиња да бидат усвоени во странство. Вие сега дозволувате таа и нејзините деца да се кријат во вашата земја“ – се додава во објаснувањето.
На петицијата досега се потпишани повеќе од 55.000 луѓе. Иницијаторите нагласуваат дека ќе се погрижат да се дознае во јавноста ако Швајцарија дозволи Алина да добие нивно државјанство и покрај се што се случува.
Инаку, Алина Кабаева, поранешна руска олимпијка, а потоа и пратеничка во руската Дума, со Путин се поврзува уште од 2008 година. Но, во јавноста ретко излегуваа повеќе информации за тоа. Откако се поврзува со Путин, Алина Кабаева медиумите ја нарекуваат прва љубовница на Русија.