Петгодишно момче од Њујорк почина од воспалителен синдром кој се поврзува со корона вирусот

by fokus

Петгодишно момче од Њујорк почина од ретка воспалителна состојба наречена детски повеќесимптоматичен воспалителен синдром, за кој се верува дека е поврзан со корона вирусот, пренесе порталот СДК.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, ја потврди смртта на детето, кое имало позитивен тест на корона вирус, додека од болницата „Маунт Синај“, каде што се лекувало, не излегоа со други информации. Куомо додаде дека здравствените власти истражуваат уште 73 слични случаи низ Њујорк, во кои децата покажуваат симптоми на други воспалителни заболувања, како болеста Кавасаки и синдромот на токсичен шок.

„Ова се болни вести и и би можело да отвори едно цело ново поглавје. Ова е екстремно ретко и досега беше непозната манифестација на КОВИД-19 кај децата“, кажа Куомо.

Поврзани новости