И после толку години, луѓето се уште се во неверување дека него го нема, а најголема е тагата, покрај за неговите најблиски, така и за неговите најверни другари.
Еден од нив е Петар Шапе, кој за „Фокус“ отворено раскажа за другарувањата со Тоше и сите моменти на кои тој ќе се сеќава.
Кога нашиот соговорник ќе се наврати на минатото, едно е сигурно, дека недостасуваат многу работи кои заедно ги правеле со Тоше.
Тој е еден од ретките кои добро ја познавале нашата поп-икона Проески приватно, а на прашањето каков другар бил Тоше, Петар ќе каже:
Проески знаел на неговите најдобри другари да ги открие плановите за иднина. И нешто што најмногу го сакал било тоа друштвото да доаѓа на неговите концерти.
„Тоше одеше до таму што демо песните кои што требаше да излезат за новиот албум ги преслушувавме заедно, се радуваше ако ни се допаднеа, дури не прашуваше која ни била хит за да биде како носител на албумот. Му значеше нашето мислење без разлика што бевме помалку стручни во тој поглед, таков беше Тоше. Сакаше да бидеме присутни на неговите концерти, одевме буквално на скоро сите од самиот почеток, првиот на лизгалиште во Скопје до последниот на градскиот стадион во Скопје. Со оглед на развојот на неговата балканска и европска кариера, во една прилика ни рече дека сака на секој концерт кој што би го имал во иднина, дел од нас другарите да бидат со него“, посочи Шапе.
Уште кога го купил својот автомобил „буба“, Тоше бил главна атракција помеѓу другарите, кои многу сакале да се возат во неа.
Јорданчо Цветаноски