Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо доаѓа во Македонија и утре (петок) во 23.30 часот ќе настапи на шеталиштето во Градско.
Неговиот концерт е во склоп на општинската манифестација ,,Градско, храна вино и традиција 2024” која годинава се одржува по вторпат.
Водителка на настанот ќе биде Маријана Станојковска, а ќе настапат и други музичари помеѓу кои Жаре Бербер. Либеро Бенд…
Лани пак, на првото издание на манифестацијата, свои настапи имаа Александар и Дац, Трио Гранде и Амадеус Бенд.
– Јас и мојот голем бенд доаѓаме во Градско. Тоа ќе биде голем и радосен концерт на кој и ние му се радуваме, бидејќи обожаваме да свириме во Македонија, и знаеме колку Македонија ја сака мојата музика. Мнгу музика и многу љубов на 12-ти во Градско, се гледаме, порача Грашо во видео порака.
На првото издание на манифестацијата лани, интересот на публиката бил голем и имало доста посетители. Целта на општината е настанот да стане традиционален.
Вики Клинчарова