Хрватскиот музичар Петар Грашо ќе одржи три концерти во Скопје во Македонска филхармонија. Првите два концерти закажани на 26-ти и 17-ми април се распродадени, а за третиот кој ќе се одржи на 29-ти април останале уште мал број на влезници.
Тој ќе настапи во интимен амбиент во Скопје, каде што заедно со симфониски оркестар на сцената во Филхармонија, ќе ги испее своите најголеми хитови, но и хитовите на Оливер Драгојевиќ.
-За овој концерт се подготвуваме долг период и со нетрпение ја очекувам средбата со македонската публика. Искрено се радувам на огромниот интерес за моите концерти и знам дека заедно со симфониски оркестар ќе направиме ноќ за паметење, ноќ во која сите ќе пееме, радуваме и уживаме, кажа Грашо во пресрет на неговите три концерти во Скопје.
На 30-ти април пак, тој ќе одржи концерт во Струмица, во Дом на култура. Со години наназад тој е чест гостин во земјава, и неретко настапува на општински манифестации, како и во ноќни клубови.
Вики Клинчарова