Петар Грашо со концерт во Охрид, посетителите со маски!

by Fokus

Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо доаѓа во Северна Македонија и ќе одржи концерт во Антички театар во Охрид. Настанот е закажан на први август, со почеток од 21 часот, а влезниците по цени од 800 до 1.500 денари од денес може да се купат онлајн.

Согласно протоколите за одржување на јавни настани кои се одобрени од Министерството за здравство и од Комисијата за заразни болести, за заштита од вирусот Ковид -19, во продажба ќе бидат пуштени само 1000 карти! Задолжително носење на маска на секој посетител-информира организаторот, Pragma music entertainment.

Петар Грашо гостуваше во земјава лани, во декември и одржа три концерти во Македонската филхармонија.

Тогашниот организатор, Авалон Продукција информираше дека првите два концерти биле распродадени без никаква реклама, а поради притисок за влезниците, се решиле и за трет концерт. Влезниците за неговите декемвриски концерти се продаваа по цени од 1.500 до 2.000 денари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости