Петар Грашо со два концерти во Скопје: Ќе биде интимно и ексклузивно!

by fokus

Хрватската музичка ѕвезда Петар Грашо ќе одржи два солистички концерти во Скопје, во Македонската Филхармонија.

Настаните ќе се случуваат во декември, на 13-ти и 14-ти, со почеток од 20 часот.
Влезниците ќе се продаваат по цена од 1.500 денари, додека лимитираните ВИП влезници изнесуваат 2.000 денари.

Организатор на настанот е Авалон Продукција, од каде концертите ги најавија како интимни и ексклузивни.

Во месец декември чести гости во земјава се пејачите од регионот.

Лани во Скопје, како еден вид на предновогодишни концерти одржа и Жељко Јоксимовиќ. Тој настапи во МОБ, и наместо предвидениот еден концерт, поради големиот интерес од публиката одржа два концерти во една вечер, а влезниците се продаваа по цени од 1.200 до 3.000 денари.

Две години пред тоа, исто во декември, тој имаше дури четири концерти во МОБ. И Аца Лукас и Лепа Брена имаа свои предновогодишни концерти минатата година во Скопје.
Петар Грашо пак, во Скопје гостуваше пред две недели. Тој беше главната ѕвезда на роденденската журка на винаријата Камник.

Вики Клинчарова

Поврзани новости