756
Хрватската поп-ѕвезда Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ денеска станаа родители.
Познатата двојка одбра специфично име за ќерката, која ќе се вика Алба.
Името го симболизира периодот пред изгрејсонцето.
Инаку, Грашо и Хуљиќ стапија во брак во февруари годинава.
Претходно, популарниот пејач речиси две и пол децении беше во врска со колешката Данијела Мартиновиќ.