Хрватскиот поп пејач Петар Грашо го распродаде првиот концерт во Македонска филхармонија во Скопје, кој ќе се одржи на 26-ти април, па го закажа и вториот. Тој ќе се одржи ден потоа, односно на 27-ми април, со почеток од 21 часот.
Како што информираат од организацијата, тој ќе настапи во интимен амбиентзаедно со симфониски оркестар на сцената во Филхармонија и ќе ги испее своите најголеми, но и хитовите на Оливер Драгојевиќ.
-Музиката е нераскинлив дел од неговата душа, а тој пак е музички илузионист, со тежина која веќе 25 години не може да се измери, но затоа пак може да се препознае и почувствува нејзината вредност. Македонската публика секогаш со овации и со аплауз, воодушевено ги прима изведбите на Петар Грашо, па нема сомнеж дека така ќе биде и овој пат- истакнуваат од организацијата на настанот.
Влезниците за концертот се продаваат по цени од 1.500 до 2.200 денари.
Вики Клинчарова