Петар Атанасов поднесе оставка, системот за образование е еродиран

by Fokus

Заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов поднесе оставка.

-Мојата позиција останува неодржлива и неефективна. Влегов во систем кој со години не само што не се менува туку многу назадувал и еродирал. Освен многуте и бескрајни формалности во работата на министерството овој период не се случи ништо позначајно, пишува Атанасов во оставката. Тој вели дека го информирал Премиерот за истата уште пред реконструкцијата.

Поврзани новости