Пет возила во Тетово поради бучавост ќе одат на вонреден технички преглед

by Fokus

Полицијата во Тетово ноќеска задржала пет возила поради преголема бучавост, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тие ќе одат на вонреден технички прегглед, по што ќе добијат поднесоци од полицијата.

„Ноќеска во периодот од 23 до 1 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, поради преголема бучавост, во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово биле задржани пет возила (четири со странски и едно со тетовски регистарски ознаки), кои во рок од три дена ќе бидат упатени во вонреден технички преглед за да се измери нивото на бучавост, по што ќе следат и соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

Поврзани новости