671
Пет војници настрадале при уривањето на романски хеликоптер, кој бил во мисија на потрага и спасување, кажа портпаролот на романското министерство за одбрана Константин Спину.
Додаде дека хеликоптерот тргнал во потрага откако романски воен МиГ-21 исчезнал од радарите.
Пилотот на хеликоптерот ИАР-330 „пума“ известил за неповолни временски услови, по што бил повикан да се врати во базата, истакна романското министерство.
Судбината и локацијата на авионот МиГ-21 сè уште не се познати.