536
Пет позитивни случаи на корона вирус се откриени во домови за стари лица во Скопје преку скринингот за Ковид-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Станува збор за приватен дом за стари лица кој има објекти во населбата Ченто и во село Кадино.
Министерот информира дека во едниот позитивни на коронавирусот се две штитенички, а во другиот тројца вработени.
„Изанализирани се сите контакти и дадени се решенија за изолација“, рече Филипче.