Пет повредени во сообраќајка во Скопје, меѓу нив и деца

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случила тешка сообраќајка во која има пет повредени, меѓу кои и деца, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 17.35 часот на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо“, управувано од А.М.(37) од Скопје и патничко возило „Пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(32) од Скопје. По незгодата М.А. и сопатниците од нејзиното возило „Пежо 307“, И.Н.(32) и две деца на возраст од 10 и осум години, сите од Скопје, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани телесни повреди и им била укажана лекарска помош. Додека, кај А.М. се констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости