612
Во изминатите 24 часа регистрирани се 103 нови заразени со корона вирусот, но и пет починати. Тројца од починатите се од Скопје, еден пациент од Куманово и еден пациент од Тетово.
-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г).
Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во КБ Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни, информираат од Министерството за здравство.
Вкупниот број на починати од Ковид-19 се искачи на 193.