Пет пациенти од коронавирус се излекувани со крвна плазма

by Fokus

Пет пациенти од коронавирус се излекувани со крвна плазма, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

“На Институтот за трансфузиона медицина, денеска го пуштивме во употреба новиот клеточен сепаратор за плазмаферза. Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со COVID-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити. Плазмата дава резултати – сите лица кои имаат оздравено од овој вирус може да даруваат. Упатувам апел, да даруваме и да спасиме човечки живот – истакна Филипче.

Поврзани новости