Пет пациенти ја изгубија битката со корона вирусот, тројца на возраст под 50 години

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 119 случаи на заразени со корона вирусот, но и пет смртни случаи на пациенти кои ја изгубиле битката со вирусот.

-Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови, информираат од Министерството за здравство.

Вкупниот број на починати се искачи на 578.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти од: Скопје-56, Куманово-9, Штип-37, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-85, Велес-13, Битола-6, Охрид-34, Гостивар-20, Струмица-3, Крива Паланка-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Виница-1, Кратово-1, Кичево-15.

 

Поврзани новости