Само пет отсто од македонските компании озвесуваат, тоа е поразителна бројка, рече Бранко Азески, претседателот Националниот совет за извоз и на Стопанската комора на Северна Македонија.
Тој денеска ја посети компанијата „Џонсон Мети“ во ТИРЗ-Скопје 1, што беше прва активност на Националниот совет, новоформираното тело во чии редови се претставници на владини институции и приватниот сектор.
„Доста е од констатации, ќе одиме со конкретни предлози со кои треба да се постигне национален консензус за извозот, порача Азески и истакна дека зголемувањето на извозот е првата и основна задача на Националниот совет за извоз.
Азески рече дека мал број компании во нашата држава се вклучени во синџирите за снабдување на странските инвеститори.
„Тоа е наша одамнешна активност што треба да добие на интензитет“, посочи Азески.
Тој кажа дека на Македонија и е судено алфа и омега за нејзиниот опстанокот да биде извозот и дека мора да поставивме приоритети кои тоа ќе го поддржат.
„Заради тоа првата посета на Советот е на најголемата извозна компанија во Македонија ‘Џонсон Мети’, која со својот пример на работење покажува како треба да се насочуваат и другите наши национални институции и компании кои излегуваат на отворениот пазар“, рече тој.
Азески соопшти и дека само 440 производи се со компаративни предности и порача дека тоа е една од целите која треба да се надоградува.
„Моја генерална оценка е дека и ние и политичките чинители во државава одиме кон процес на определување приоритети и постигнување консензус. Од приоритетите клучно е да постигнеме договор околу економијата како врвен приоритет во наредните 10 години, како поддршка на извозот во наредните 10 години како клучна компонета на развојот, но и регионалната соработка“, рече Азески, порача дека на бизнисот му треба учество во конципирањето на законите, а не во Електронскиот национален регистар на прописи.