9
Од Обвинителството информираат дека е формиран обвинителски тим кој ќе ги утврдува причините за трагедијата во Кочани.
-Јавниот обвинител на Република Северна Македонија формираше обвинителски тим кој ќе раководи со истражните дејствија во Кочани. Обвинителите заедно со останатите надлежни служби се на терен, велат од Обвинителството.
Во обвинителскиот тим се вклучени 5-мина обвинители од Кочани, Штип и Скопје.