Пет новозаболени од корона вирус, уште две лица ќе се тестираат повторно

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес конференција соопшти дека денеска има пет нови позивитни пациенти на корона вирусот. Уште двајца пациенти биле позитивни на тестирање во приватната болница Жан Митрев и утре ќе бидат повторно тестирани на Клиниката за инфективни болести.

-Имаме пет нови позитивни пациенти и двајца дијагностицирани во друга установа кои утре треба да бидат потврдени. Со ова бројката на пациенти кои се на Клиниката за инфективни болести е 15. Имаме информација од Жан Митрев дека кај нив се јавиле две лица, земени се материјалите и се позитивни. Тие утре ќе ги тестираме во нашата лабораторија, рече Филипче.

Тројца од новозаболените се од Скопје, а четворица од Дебар.

Поврзани новости