85
На пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, по средбата со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ.
„Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се надевам дека од идната година ќе може да се вработат и 10 најдобри студенти, рече министерот.
На средбата стана збор и за мораториум на одредени специјализации, а предност да се даде на специјализациите за онкологија, радиологија, патологија, анестезиологија.