Пет лица загинаа во Лавов по ракетен напад од Русија

by Fokus

Најмалку пет лица, меѓу кои две жени на возраст од 32 и 95 години, загинаа откако руска ракета погоди станбена зграда во Лавов, западна Украина.

Уште 34 лица се повредени во, како што рече градоначалникот на Лавов, „еден од најголемите напади“ врз цивилната инфраструктура во градот, јави Би-Би-Си.

Регионалниот шеф на Лавов Максим Козицки рече дека повеќе од 30 домови се уништени.

Неколку часа по нападот, Русија рече дека нејзините „ракети ги погодиле сите цели на Украина“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека точките на привремено распоредување на украински војници и складишта во кои се чуваат оклопни возила од странско производство биле погодени со употреба на „прецизно оружје со долг дострел“ на морето.

 

 

 

Поврзани новости