Пет лица загинаа при налети на силен ветер во Италија

by fokus

Пет лица ги загубија животите денеска во Италија, при инциденти предизвикани од налетите на силен ветер.

Две млади лица загинале недалеку од Рим, кога дрво паднало врз автомобилот со кој патувале. Во сличен инцидент, едно лице загина во град Терачина, на сто километри југоисточно од Рим.

Четвртата жртва на невремето е 21-годишен човек во Неапол, врз кој паднало дрво додека одел по улица.

Жена загинала во Савона во регионот Лигурија, кога била погодена од предмет носен од силниот ветар.

Италијански медиуми јавија за десетици дрвја искорнати од корен насекаде низ Рим, поради што многу паркови се затворени.

Во училиштата беше прекината наставата, а локалните власти ги повикаа граѓаните да не ги напуштаат своите домови ако немаат голема потреба.

Во поголемиот дел од Италија во сила беше предупредувањето за поројни дождови и силни ветрови.

Поврзани новости