Пет лица загинаа, а шест се ранети во пукање во центарот на Луисвил

by Fokus

Во престрелката што се случи во центарот на Луисвил, Кентаки, пет лица загинаа, а шест се ранети, соопшти полицијата.

Според полицијата, и осомничениот напаѓач е мртов и засега не се познати точните околности на неговата смрт, пренесе АП.

Престрелката се случила во зградата на банката.

ФБИ соопшти дека нејзините агенти брзо пристигнале на местото на настанот, објави Ројтерс.

 

Поврзани новости