Во текот на вчерашниот ден, пет лица од Скопје биле приведени поради тоа што кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја, пренесуваат од МВР.
„Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 13.15 часот на ул.„Христо Татарчев“ го лишиле од слобода О.М.(43) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 14:45 часот од подрачјето на Гази Баба ги лишиле од слобода В.Д.(37) и С.И.(43), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај В.Д. била пронајдена прашкаста материја, а кај С.И. била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок
Во близина на наплатна рампа на магистрален пат Тетово – Гостивар,синоќа во 22:40 часот полициски службеници ги лишиле од слобода Ќ.Б.(23) и А.А.(24), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед на патничко моторно возило во кое се превезувале била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.